Менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби кој е еден од најпосакуваните во овој момент, не ја исклучува можноста да си замине на крајот од актуелната сезона.
Италијанецот веќе со недели се поврзува со бројни клубови, бидејќи е познато дека на крајот од сезоната голем број клубови ќе менуваат тренери. Де Зерби беше поврзуван со повеќето од нив, се споменуваа Баерн Минхен, Барселона, Ливерпул, Милан, Манчестер Јунајтед…
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
„Сакам да ја задржам мојата амбиција и мотивација. Навистина живеам фудбал 24/7. На крајот на сезоната сакам да се уверам во проектот Брајтон, да го слушнам планот и ако не се чувствувам дека припаѓам во него ќе си заминам“, изјави Де Зерби.
Сепак, не треба да се бега од фактот дека во повеќето од овие клубови Де Зерби е некако повеќе „план Б“. Баерн би сакал да го врати Јулијан Нагелсман, Барселона повеќе би сакала да го задржи Чави или да го доведе Луис Енрике, па дури и Ханси Флик, додека прва опција на Ливерпул е Рубен Аморим.
Но, и во таква ситуација за Брајтон изгледаа тешко да го задржи Де Зерби, кој исто така има клаузула од околу 15 милиони евра.