Дома Фудбал Останато Еден од најдобрите судии во Европа замина во пензија

Еден од најдобрите судии во Европа замина во пензија

Еден од најавторитетните фудбалски судии, Холанѓанецот Бјорн Кујперс стави крај на професионалната кариера.

48-годишниот Кујперс ќе се прости од судењето на 7 август, кој ќе го води последниот меч во кариерата – дербито помеѓу Ајакс и ПСВ.

„Беше убаво. Понекогаш велат дека треба да запреш кога си на врвот. Мислам дека нема подобар момент од овој“, изјави Кујперс.

Холанѓанецот го судеше финалето на ЕУРО, а претходно судеше две финалиња во Лигата на шампионите во 2014 и 2018 година и во Европската лига во 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах и екипата нема да го менуваат тренерот, Трабзонспор ја поништи оставката

Фудбалскиот клуб Трабзонспор соопшти дека ја одбил оставката на тренерот Фатих Теке, која …