Дома Фудбал Германија Еден од најголемите таленти на денешниот фудбал пропуштил натпревар со Атлетико поради испит

Еден од најголемите таленти на денешниот фудбал пропуштил натпревар со Атлетико поради испит

0

Баер Леверкузен за ривали во групата Д ќе ги има Јувентус, Атлетико Мадрид и Локомотив Москва.

Баер секако има право да се надева на поминување во нокаут фазата иако е јасно дека Јувентус и Атлетико се фавороти за првите две места.

Германскиот клуб поседува исклучително талентирана генерација на играчи и истата ја предводи Каи Хаверц, офанзивниот играч кој игра за репрезентацијата на Германија и кој го одби Баерн.

За каков талент се работи најдобро говорат зборовите на легендарниот Лотар Матеус.

„Тој постави висока граница. За мене тој беше играч на сезоната и ако Хаверц може да се одржи на вака високо ниво на крајот може да стане мој наследник во светскиот фудбал“, изјави Матеус.

Баер сега се потсети како пред две сезони Хаврец го пропушти нивниот натпревар со Атлетико поради тоа што имал испит.

Сега сепак се надеваат дека овој одличен фудбалер ќе биде на располагање на „Аптекарите“ за натпреварите против Атлетико, Јувентус и Локомотив.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Вселенски брод“: Видете како ќе изгледа новиот стадион на Милан и Интер (фото)

Милан и Интер официјално потврдија дека ќе започнат изградба на нов стадион, кој ќе биде е…