Дома Фудбал Англија Еден гол на Санчез во Јунајтед вреди цело богатство

Еден гол на Санчез во Јунајтед вреди цело богатство

Дефинитивно Алексис Санчез е едно од најголемите промашувања во историјата на Манчестер Јунајтед.

Санчез во Јунајтед дојде од Арсенал, но апсолутно не ги оправда очекувањата на клубот и навивачите, иако тој добива пола милион евра неделно.

Во таборот на „црвените ѓаволи“ Санчез пристигна во размената со Хенрик Микхтаријан во 2018 година и ако се пресмета за 20 месеци на „Олд Трафорд“ тој зарабои 41 милион фунти. Кога покрај таа огромна заработка ќе се погледне неговиот голгетерски учинок (само пет погодоци) се доаѓаа до заклучок дека секој гол на Санчез вреди 8.2 милиони фунти.

Јунајтед се обидуваше да се ослободи од него ова лето, меѓутоа немаше премногу заинтересирани клубови, а и самиот Чилеанец е свесен дека тешко ќе добие таква плата некаде на друго место после очајните настапи, па и му одговара да се поседи во Манчестер до крајот на договорот.

Во Англија преодниот рок за купување е завршен, меѓутоа играчи можат да заминуваат, па во клубот се надеваат дека ќе пронајдат клуб на кој ќе го продадат. Се споменуваше Рома која го сака на позајмица, меѓутоа и во тој случај Јунајтед ќе плаќа најголем дел од неговата плата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сања: Арсенал е циркуз

Поранешниот играч на Арсенал не бираше зборови кога денеска на Скај Спорт го коментираше п…