Дома Кошарка Еврошампионатот го има првиот полуфиналист: Шпанија прва во најдобрата четворка

Еврошампионатот го има првиот полуфиналист: Шпанија прва во најдобрата четворка

Шпанија славеше со 84:72 над Германија во рамки на четвртфиналниот дуел на Европското првенство.

Третата четвртина беше пресудна за одлука на првиот полуфиналист, откако во првото полувреме Германија беше достоен противник.

Третиот дел „Фурцијата“ го доби со 31:20, а на крајот славеше со 84:72.

Марк Гасол постигна 28 поени и беше најпрецизен во својот табор, додека на спротивната страна Шродер постигна 27 поени.

Шпанија во полуфиналето ќе се соочи против подобриот од дуелот помеѓу Словенија и Летонија.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Трабзон го отпушти Кенан, турски медиуми тврдат: Пронајдена е недозволена супстанца

Клубот се повика на непочитување на инструкциите, но дел од турските медиуми изнесуваат по…