Дома Топ вести Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Бенфика

Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Бенфика

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.

Скаутите на Милан, Реал Мадрид и Манчестер Сити го следат веќе подолго време, а после фантастичната игра против Барселона ќе направат се за да го доведат во своите редови.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

Бенфика минатата година за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, а неговата вредност веќе повеќекратно се зголеми.

Гвардиола е во потрага по квалитетен напаѓач и во Нуњес гледа идеален наследник на Агуеро, па е спремен да понуди 65 милиони евра за потписот на Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…