Дома Фудбал Лига на шампиони Европа ќе добие нов шампион, Сити го прегази Реал Мадрид🎥

Европа ќе добие нов шампион, Сити го прегази Реал Мадрид🎥

Манчестер Сити покажа супериорно го победи Реал Мадрид со 4:0 и се пласираше во финалето на Лига на шампиони.

„Граѓаните“ се одмаздија за минатата сезона и му сервираа „покер“  на Реал Мадрид.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Граѓаните“ почнаа со висок интензитет и направија неколку шанси од самиот старт, но Куртоа имаше две чудесни одбрани против Халанд.

Меѓутоа, во 22-та минута беше немоќен кога Бернардо Силва дојде во одлична ситуација и погоди за водство од 1:0, а само неколку минути подоцна истиот играч зголеми на 2:0.

Во вториот дел Реал се обидуваше да се врати во мечот, но не успеа да создаде посериозна шанса. Милитао си постигна автгол во 74-та минута, а Алварез стави точка на мечот за висока победа од 4:0.

Сити во финалето за најпрестижниот трофеј ќе се бори со Интер на 10-ти јуни во Истанбул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тотенхем нуди најголема плата во клубот за ѕвездата од Премиер лигата!

Еден од фудбалерите на кои ќе биде ставен фокусот во јануари е Антоан Семењо, фудбалер кој…