Дома Фудбал Останато Евра: Што направи Меси за да ја добие „Златната топка“?

Евра: Што направи Меси за да ја добие „Златната топка“?

Трката за освојување на Златна топка започна пред неколку дена кога „Франс Фудбал“ ја објави листата од 30 кандидати.

Помеѓу 30 кандидати за најдобар фудбалер на светот одново очекувано се најде Меси кој е и помеѓу главните фаворити. Сепак, Французинот Патрис Евра тврди дека Меси не направил ништо за да ја освои Златната топкја, според него престижното признание треба да го свои некој од Жоргињо и Канте.

„Според мене Златата топка треба да ја освои некој од Канте и Жоргињо. Мака ми е од Меси. Што освои минатата година? Добро, Копа Америка, но што направи со Барселона“, се запраша Евра.

Добитникот на Златната топка ќе биде објавен на 29. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта: Против Баерн треба да ја заштитеме честа

Неколку часа пред одлучувачкиот дуел со Баерн Минхен во ЛШ, претседателот на Барселона Жоа…