Дома Фудбал Еве ја причината зошто играчите на Рома и Удинезе имаа црвена линија на лицето

Еве ја причината зошто играчите на Рома и Удинезе имаа црвена линија на лицето

Рома денеска во Удине разочара и загуби од Удинезе со минимален резултат од 1:0.

Тоа не беше некој толку важен натрпевар, но Удинезе под водство на новиот тренер запиша голема победа и така по еден долг период го почувствува задоволството од победата. Рома со новиот пораз падна на шестото место и сега е далеку од самиот врв, а ги избегна и позициите кои водат во Лигата на Шампионите.

Интересно е тоа што играчите на Удинезе и Рома носеа црвени линии на образите, а наскоро италијанските медиуми открија зошто го направиле тоа. Имено, станува збор за акција против насилство врз жените и овие клубови учествуваа, па го поддржаа тоа со црвена боја на образите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малар и Балтимор го спасија Челси: Пресврт против Палас за врвот на табелата

Челси губеше на паузата, но со два гола на Мелвин Малар и одличен настап на резервистката …