Дома Фудбал Евакуиран стадионот на Бока: Полицијата добила дојава за бомба!

Евакуиран стадионот на Бока: Полицијата добила дојава за бомба!

Голем број навивачи имаше на стадионот на Бока каде што вчера играчите на овој клуб за последен пат се спремаа за пат во Мадрид.

Во Мадрид за пет дена Ривер и Бока ќе го играат реваншот од Копа Либертадорес откако беше невозможно тој натпревар да се одигра на „Монументал“ поради големите нереди.

И додека играчите на Бока се спремаа за пат во Мадрид, а навивачите дојдоа да ги поддржат полицијата добила анонимна дојава за бомба на стадионот „Бонбоњера“. Тренингот не беше на главниот терен, но сеедно во близина имаше голем број навивачи.

Аргентинските медиуми пишуваат дека сите веднаш биле евакуирани, но за среќа се работела за лажна тревога.

Фудбалерите на Бока во тој момент тренирале на „Педро Помпилио“, помошен терен кој се наоѓа во близина на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов повторно достапен за Македонија пред завршните два дуела во Лигата Б

Дарко Чурлинов ги реши проблемите со престојот во Полска и ќе може да се приклучи на репре…