Дома Фудбал Дури 22% од навивачите во Примера се жени!

Дури 22% од навивачите во Примера се жени!

На Денот на жената шпанскиот весник „АС“ направи анализа на фудбалот и понежниот пол во Примера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, 22,2% од навивачите кои плаќаат чланарина во некој клуб (социос) се жени, покажа анализата на споменатиот медиум.

Гетафе располага со најголем процент на женска поддршка оваа сезона со цели 33,8%. На второ место е Валенсија со 29% жени, а на третото место е Барселона со точно 26% жени меѓу навивачите.

Европскиот шампион Реал Мадрид има 20,2% на женска поткрепа, а најголем пораст кај женските симпатии има Атлетико Мадрид кој во 2013 година имал само 19% женски навивачи, а сега има цели 25%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓоковиќ има фаворит, еве за која репрезентација мисли дека ќе го освои Мундијалот!

Новак Ѓоковиќ прогнозираше дека Португалија ќе го освои Светското првенство кое се одржува…