Дома Топ вести Дрим тимот на Барса за следната сезона кој тешко некој може да го запре

Дрим тимот на Барса за следната сезона кој тешко некој може да го запре

Со оглед на тоа дека преодните рокови во сите лиги започнува наскоро, веќе почнаа шпекулациите за тоа како ќе изгледаат составите на европските великани следната сезона.

Во повеќето тимови има експерименти на новинарите, но кога во прашање е потенцијалниот состав на Барселона, се чини дека тука е се јасно.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Каталонците оваа сезона ја освоија Ла Лига, но во Лига на шампиони повторно потфрлија па клубот ќе вложи нови средства за да го засили играчкиот кадар.

Пред неколку месеци беше обезбеден потписот на Де Јонг од Ајакс, а тој на клубот ќе му се приклучи кога ќе почне преодниот рок. Од Амстердам во пакет со него би требало да стигне и стоперот Де Лихт , чиј трансфер се уште не е договорен, но би требало да биде во следниот период.

Така, дефанзивниот и средниот ред следната сезона ќе бидат значително засилени, а нападот би требало да биде најсилниот во Европа. Освен Суарез и Меси, таму би требало да се најде и Антоан Гризман кој пред два дена објави дека заминува од Атлетико. Шпанските медиуми веќе го преселија во Барса, а и овој трансфер би требало да биде објавен во наредните денови или недели.

За сега е најнеизвесно кој ќе го предводи тимот од клупата. Дали тоа ќе биде Ернесто Валверде или некој друг?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…