Дома Трансфер зона Дрекслер се враќа во Бундеслигата и станува „милионер“

Дрекслер се враќа во Бундеслигата и станува „милионер“

Јулијан Дрекслер е на излезна врата од ПСЖ, а последните информации се дека Германецот може да се врати во Бундеслигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд е силно заинтересирана за потписот на Јулијан Дрекслер.

26-годишниот играч има договор со Пари Сент Жермен до 2021 година, а според информациите „милионерите“ веќе почнале преговори за трансферот.

Дрекслер не е задоволен од статусот и минутажата која ја добива во ПСЖ и е спремен да ја прифати понудата на Борусија Дортмунд.

Оваа сезона германскиот репрезентативец има одиграно само 11 натпревари во француска Лига 1, во кои оствари 5 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…