Дома Фудбал Англија Драма во последното коло: Тотенхем го однесе Челзи во ЛШ🎥

Драма во последното коло: Тотенхем го однесе Челзи во ЛШ🎥

Вистинска драма се случуваше во последното коло во Серија А после кое Ливерпул заврши на третото место, а Челзи „сречно“ избори пласман во Топ 4.

До 15 минути пред крајот на натпреварите Челзи беше надвор од Топ 4 бидејќи губеше од Астон Вила, а Лестер имаше предност во мечот со Тотенхем.

Момците на Томас Тухел изгледаа очајни и се чинеше дека ќе останат без пласман во ЛШ, но стигна помош од Тотенхем, кој во последните петнаесетина минути успеа да направи комплетен пресврт против Лестер (2:4).

И покрај поразот од Астон Вила (2:1) Челзи остана на четвртото место поради подобрата гол-разлика со Лестер, а Ливерпул заврши на трето место откако рутински го совлада Кристал Палас (2:0).

Во Лига Европа ќе оди и Вест Хем, додека Тотенхем сезоната ја заврши на 7-то место и ќе игра Конференциска лига.

Манчестер Сити со „петарда“ против Евертон ја затвори сезоната, а Агуеро со два гола се прости од „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инфантино бегаше од новинар, го прашуваа за оставка (Видео)

Очигледно најмалку популарната личност во светскиот фудбал, претседателот на ФИФА, Џани Ин…