Дома Останати Кошарка НБА Драматичен финиш: Две тројки во последните четири секунди, Детроит се радуваше против Голден Стејт

Драматичен финиш: Две тројки во последните четири секунди, Детроит се радуваше против Голден Стејт


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Најдраматичниот натпревар изминатата вечер во НБА лигата го одиграа Детроит и Голден Стејт, а на крајот славеа домаќините со 122:119.

Во последните четири секунди од мечот Томпсон шутираше за три поени и го изедначи резултатот на 119:119, а тогаш следуваше голема радост кај гостите кои мислеа дека обезбедија продолжение.

За нападот на Детроит остана само една секунда, меѓутоа и таа беше доволна за Садик Беј од тешка позиција да погоди тројка за победа.

Најефикасен на натпреварот беше Клеј Томпсон со 30 поени, додека во редовите на Детроит Бојан Богдановиќ постигна 29.

Кевин Дурант одигра одличен натпревар на гости кај Чикаго и постигна 44 поени. Сепак неговиот тим се врати со пораз од 121:112. Ирвинг беше втор најефикасен со 25, додека кај Чикаго Де Роузен беше прв стрелец со 22 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Мемфис 107:131

Кливленд – Феникс 90:88

Орландо – Оклахома 126:115

Филаделфија – Индијана 129:126

Њујорк – Сан Антонио 117:114

Торонто – Милвоки 101:104

Чикаго – Бруклин 121:112

Минесота – Портланд 113:106

Њу Орлеанс – Хјустон 119:108

Голден стејт – Детроит 119:122

ЛА Лејкерс – Мајами 112:109

Сакраменто – Атланта 117:120

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Гундоган се сели во Серија А

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган …