Дома Останати Кошарка НБА Некогаш освојуваа титули, а сега станаа најлошиот тим во историјата на НБА

Некогаш освојуваа титули, а сега станаа најлошиот тим во историјата на НБА

Tимот на Детроит и официјално стана најлошиот тим во историјата на НБА, односно тим кој забележал најмногу порази во низа. Изминатата вечер тие беа поразени од Бруклин (118-112) и тоа за нив беше 27-ми пораз во серија.

По овој меч тие се искачија на првото место и зад себе го оставија Кливленд кој во сезоната 2010/2011 имаше 26 порази во низа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Филаделфија во 2015 година имаше 28 порази во низа, но тие беа поделени во две сезони 10 во едната и 18 во следната сезона.

Во редовите на победничкиот тим Џонсон постигна 24 поени, додека Кејд Канингем на спротивната страна уфрли 37.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Орландо 119:127, Чикаго – Атланта 118:113, Хјустон – Индијана 117:123, Њу Орлеанс – Мемфис 115:116 по продолжение, Оклахома – Мемфис 129:106, Сан Антонио – Јута 118:130, Портланд – Сакраменто 130:113, ЛА Клиперс – Чикаго 113:104.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…