Трансферите на Нејмар и Мбапе во ПСЖ минатото лето предизвикаа земјотрес во европскиот фудбал, а со самото тоа и во соблекувалната на францускиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Очекувано, по нивното доаѓање се шпекулираше за фудбалерите кои би можеле да го напушат Париз, а помеѓу нив беше и поранешниот фудбалер на Волфсбург, Јулијан Дракслер.
Дракслер денес во медиумите зборуваше за неговата иднина.
„Не размислувам за заминување од Париз, ниту на зимо, ниту на лето. Во овој момент само сум сконцентриран на настапите за ПСЖ. Сега не е време да размислувам за идноната. Секако, Бундеслигата секогаш интересна опција“, изјави Дракслер.
Претседателот на Баерн, Ули Хенес во текот на изминатото лето потврди дека би сакал да доведе фудбалер како Дракслер, доколку му се укаже можност.