Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Нолито, по завршувањето на сезоната, најверојатно ќе го напушти „Етихад“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанецот, во летниот преоден рок за сума од 18милиони евра, се пресели од Селта во Манчестер Сити и потпиша четиригодишен договор.
Иако пристигна како големо засилување и беше стандарден на почетокот на сезоната, сепак Нолито започна да ја губи довербата на Пеп Гвардиола и во 2017 година започна само еден натпревар во стартната постава, и тоа во ФА куп против Хадерсфилд.
Севкупно Нилито за Манчестер Сити одигра 19 натпревари и постигнал четири гола, а после само една година ќе ја промени средината.
Наводно, за 30-годишниот крилен напаѓач е заинтересиран Бетис, кој е подготвен да неговиот потпис да плати 5 милиони евра, но секако проблем ќе биде неговата голема плата.