Дома Фудбал Останато Доста му е одмор: Мурињо спремен да се врати на клупата!

Доста му е одмор: Мурињо спремен да се врати на клупата!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо планира наскоро да се врати на тренерската работа. „Специјалниот“ е без ангажман од декември 2018 година, кога доби отказ од „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мурињо ова лето доби неколку понуди кои не ги задоволија неговите афинитети, па моментално работи како стручен коментатор на „Скај Спорт“.

„Уморен сум од одморот. Ова е прв пат да живеам во навивачки стил, сега знам како им е кога е крајниот рок за трансфери. Барам клуб за себе, ги разгледувам  опциите, ќе видиме“, истакна Мурињо.

„Кога водите репрезентација, има премалку натпревари. Јас не сум навикнат на тоа. Би сакал еден ден да стигнам до финалето на Светското првенство или на Европското првенство како тренер на националниот тим“, додаде Португалецот,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Приказна која допира до срцето: Еве зошто Кукуреља не ја крати косата

Долгата, виткана коса е веќе со години заштитен знак на Марк Кукурелја. Многу луѓе мислеа …