Дома Македонски спорт Мак фудбал Доскорешниот капитен и голман на Победа Давор Талески потпиша за фински Хонка

Доскорешниот капитен и голман на Победа Давор Талески потпиша за фински Хонка

0

Доскорешниот капитен и прв чувар на мрежата на ФК Победа АД Давор Талески кариерата ја продолжува во Финска.

Откако од непознати причини не успеа неговиот трансфер во Лахти, веднаш го контактирале челниците на повратникот во Првата финска лига Хонка. Дговорот е постигнат и потпишан на една година, со можност за продолжување на уште една година. Иако беше најдобар играч на пријателскиот меч Лахти-Хонка сепак клубот кој го донесе на проба го загуби а го доби Хонка, каде веќе е на располагање на тренерот на голманите шпанецот Ајозе Монтадо и Шефот на Стручниот штаб Веса Васара.

Интересно е дека во финскиот шампионат нема лимит и квота на странци па Талески ќе биде 9-ттиот странец во клубот во кој има по двајца срби и шпанци, американец, норвежанец, бразилец и англичанец. Меѓу странците е и српскиот интернационалец Немања Обрадовиќ, кој како позајмен од Рад во сезоната 2008/2009 настапуваше за Победа. Клубот има успешни и межународни настапи-16 во Лига Европа и 4 во Интер тото купот. Бил победник на Купот 2012-тта година, а во шампионатот на Финска најголеми успеси се 3-тото место во сезоните 2008, 2009 и 2013-тта. Хонка важи како клуб со најорганизирана и најмасовна фудбалска школа со над 1.000 членови.

Упорноста, макотрпната работа и несомнено квалитетот на Талески со овој трансфер му се исплатија. Истовремено овој трансфер од друга страна е и потврда за стручната и квалитетна работа во ФК Победа и пример кој треба да го следат останатите актуелни членови на клубот. Во секој случај продолжена е традицјата на интернационални трансфери на фудбалери од редовите на Победа, а на Давор му посакуваме да го стигне и престигне Илија Нестороски во неговата натамошна интернационална кариера а наскоро и повик во дресот со националниот грб. Честитки за трансферот на Талески, благодарност од ФК Победа за сите негови настапи во црвено-белиот дрес и многу успеси во натамошната кариера!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Мак фудбал

Проверете

Петар Наумоски за понудата да заигра со Мајкл Џордан во Чикаго Булс

Maкедонскиот прославен кошаркар, а денес претседател на МКФ, Петар Наумсковски во интервју…