Борусија Дортмунд се соочува со финансиски проблеми и ќе продаде најмалку една своја ѕвезда во летниот преоден рок, пренесуваат германските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Џејдон Санчо е на излезна врата од клубот, но во Дортмунд очекуваат најголемата заработка да ја направат со продажбата на Ерлинг Халанд.
Следното лето ќе се активира откупната клаузула во договорот на Халанд, која изнесува 75 милиони евра, а германскиот клуб верува дека ова лето може да го продаде за повеќе пари.
Главната битка за неговиот потпис ја водат гигантите од Манчестер и Реал Мадрид, но „граѓаните“ важат како фаворити за неговиот потпис.
Имено, „граѓаните“ на Норвежанецот му нудат астрономска плата од 24 милиони евра по сезона, сума која другите заинтересирани клубови не можат да му ја понудат.