Дома Фудбал Дончиќ со храбра прогноза за Европското првенство во фудбал

Дончиќ со храбра прогноза за Европското првенство во фудбал

Лука Дончиќ пред утрешниот втор меч од финалето во НБА во кое Далас има негатива доби и прашање за Европското првенство.

Кошаркарот на Далас од новинарите беше запрашан за негова прогноза за ЕП, а тој кратко и јасно одговори „Словенија“.

Доби прашање и за трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид со оглед на тоа што шпанскиот клуб е клубот за кој играше во минатото, но и за кој навива.

„Веќе знаев од претходно. Откако потпиша се немам слушнато“, изјави Дончиќ.

Вториот натпревар од финалната серија Далас и Бостон ќе го играат во ноќта која следи од 02:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел лут пред Шпанија: Ми ги извртеа зборовите за расизмот!

Наместо дуелот во Мадрид, во фокусот се најдоа изјавите за расизмот. Тухел тврди дека е по…