Дома Кошарка Дончиќ се налути: ФИБА мора да реагира, ваквото судење нема смисла!

Дончиќ се налути: ФИБА мора да реагира, ваквото судење нема смисла!

Европското првенство во Германија, Чешка, Италија и Грузија влегува во втората половина од воведната фаза, а како што одминуваат натпреварите така и посилни се реакциите за судењето.

Критики за лошото судење сега испрати и еден од најдобрите кошаркари на Евробаскетот, Лука Дончиќ.

„Сите можат да видат што се случуваше на натпреварите. Украденото време на Грузија – Турција, техничката грешка што беше украдена на Литванија…Има и други примери. Навистина е премногу. ФИБА мора да реагира и да ги среди судиите, ова нема смисла“, порача Дончиќ.

Дончиќ реагираше и на густиот распоред.

„Тешко е да. Играме четири натпревари во пет дена, вчера одигравме два натпревари за помалку од 24 часа. Условите важат за сите, но не е хумано кон кошаркарите“, истакна Словенецот.

После три натпревари Словенија која важи за еден од фаворитите има две победи и еден пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реал го врати Ендиаје, за Паркер се отвора врата кон Хувентуд?

Повредите го натераа Реал да ја прекине позајмицата на Ели Ендиаје, а промената во Хувенту…