Дома Кошарка Дончиќ прави „чуда“, ова му успеало само на Чемберлен 🎥

Дончиќ прави „чуда“, ова му успеало само на Чемберлен 🎥

Лука Дончиќ и во осмиот меч сезонава ја надмина границата од 30 поени во НБА лигата. Неговиот Далас минимално со 111:110 славеше над Торонто, а Словенецот беше стрелец на 35 поени.

Дончиќ постигна 35 поени, осум скокови и шест асистенции и беше најзаслужен за победата на Далас.

Словенецот со овој меч влезе во историјата на НБА-лигата и го повтори успехот на Вилт Чемберлен кој на првите осум меча постигнал над 30 поени.

Такво нешто на Чемберлен му успеа во сезоната 1959/60, а потоа го повтори тоа и во сезоната 1962/63 кога на првите 23 меча постигна над 30 поени во секој од нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Зафировска бара подобри услови: Масовноста не е доволна за одбојкарски напредок

Поранешната капитенка на Македонија предупредува дека интересот кај девојчињата мора да би…