Далас маверикс стигна до победа против Минесота со 128:108, иако Лука Дончиќ одигра натпревар под своето ниво.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Против Минесота Дончиќ не прикажа игра каква што навикнавме да гледаме од него. Словенецот беше „покриен“ од Кристапс Порзингис кој натпреварот го заврши со 29 поени и девет скока. Дончиќ одигра натпревар во кој постигна 15 поени, поедели четири асистенции и запиша исто толку скока.
Јута џез стигна до убедлива победа против Бруклин со 118:88. За Јута најмногу помогна што кај Бруклин отсуствуваа трите најголеми ѕвезди, Дурант, Ирвинг и Харден. Најефикасен во таборот на Јута беше Донован Мичел со 27 поени, Џонсон со 23 на спротивната страна.
Изненадување е убедливиот пораз на Денвер на гости кај Торонто (111:135). Во овој натпревар потфрлија двајцата најдобри кај гостите. Јокиќ и Џамал Мареј постигнаа по 20 поени. Сиакам и Ануоби со по 27, односно 23 поени беа најефикасни кај противницците.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Детроит 116-111, Милвоки – Бостон 121-119, Торонто – Денвер 135-111, Чикаго – Кливленд 94-103, Хјустон – Шарлот 97-122, Минесота – Далас 108-128, Оклахома – Мемфис 107-116, Орландо – Феникс 112-111, Сан Антонио – ЛА Клиперс 101-134, Сакраменто – Атланта 110-108, Јута – Бруклин 118-88.