Дома Фудбал Италија Донесена одлука: Сојузот ја соопшти казната за Даглас Коста!

Донесена одлука: Сојузот ја соопшти казната за Даглас Коста!

Од неделниот натпревар помеѓу Јувентус и Сасуоло во кој „старата дама“ славеше победа од 2:1 во центарот на вниманието на медиумите на Апенините е ситуацијата во која Даглас Коста го плукна Ди Франческо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако потоа се појавија информации дека Ди Франческо го провоцирал Коста на расна основа, јасно беше дека Бразилецот ќе биде суспендиран, а денес сојузот ја одреди неговата казна.

Даглас Коста поради направениот непромислен потег ќе мора да паузира во следните четири натпревари на Јувентус во Серија А.

Ова значи дека Бразилецот на располагање на Алегри ќе му биде за натпреварот против Џенова каде што настапува Горан Пандев на 20 октомври.

Не е исклучена можноста, доколку сојузот потврди дека Ди Франческо навистина го навредил Коста и тој да добие одредена суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наташа Андонова има нов клуб, ќе игра и во Лигата на шампионите

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова ќе има нов предизвик во кариерата, …