Дома Топ вести Донесена одлука во Ла Лига: Натпревари може да се играат секој ден!

Донесена одлука во Ла Лига: Натпревари може да се играат секој ден!

Натпреварите од Ла Лига можат да се организираат од понеделник до петок навечер до крајот на сезоната 2019/2020. Тоа значи дека сите денови во неделата се достапни за натпревари од шпанското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанската фудбалска федерација одлучи да не оди контра Ла Лига која планира да ги искористи сите денови во календарот за да ја комплетира сезоната.

Ваквите вести пристигнуваат после извештаите на Кадена Коп дека Ла Лига веќе резервирала пет понеделници за натпреварите.

Шпанскиот фудбалски сојуз долго време беше против играњето во понеделник и петок бидејќи тоа се коси со желбите на навивачите, но поради вонредните околности сепак сега се согласи на воведувањето нови термини.

Меѓутоа не се исклучува можноста играњето во понеделеник да продолжи и наредната сезона со оглед дека распоредот би можел да биде згуснат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го постави последниот рок за трансферот на годината: Сега сѐ зависи од еден човек

Барселона влегува во завршните денови од обидот да го доведе Хулиан Алварез. Каталонскиот …