Дома Фудбал Донарума: Се надевам дека ќе останам во Милан

Донарума: Се надевам дека ќе останам во Милан

Младиот и перспективен одличен чувар на мрежата од Милан изјави дека се надева оти ќе остане на Сан Сиро.

18-годишниот голман го прослави својот 18-ти роденден во февруари и сега може да потпише и професионален договор со гигантот од Милано. Милан се обидува да го обезбеди неговиот потпис, а ситуацијата внимателно ја следат и останатите европски гиганти.

Агентот на Донамура, Мино Рајола, бара подобрување на договорот за својот клиент, но процесот на продажба на клубот значително ги успорува и двете страни. Голем број фудбалски клупски великани следат што се случува, бидејќи посакуваат да добијат шанса да го доведат Донамура на својот гол. Сепак, неговата желба е да остане во Милан.

„Се надевам дека ќе останам, ова е Милан. Мојот агент ќе се погрижи за продолжување на договорот“, порача Донамура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дајч пред враќање во Премиер лигата? Кристал Палас размислува за промена

Лошите резултати го зголемуваат притисокот врз Пјер Саж, а Шон Дајч е меѓу главните кандид…