Дома Фудбал Донарума по ремито: Среќен сум во Милан!

Донарума по ремито: Среќен сум во Милан!

Тимот на Милан во деншниот натпревар против Фиорентина ремизираше 1:1.

Овој натпревар за младиот голман Џанлуиџи Донарума беше 100 во дресот на „росонерите“ иако има само 19 години.

За жал, не го обележа со победа, а италијанските новинари и понатаму најмногу ги интересираше дали тој ќе остане во Милан.

„Имам договор на четири години и среќен сум тука“, порача Донарума.

Кога во прашање е деншниот натпревар во Фиренца, младиот голман не е незадоволен со конечниот епилог.

„Добро реагиравме по примениот погодок и се изборивме за изедначување. Навистина е прекрасно да одиграте 100 натпревари за Милан“, истакна Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбангула со хет-трик го урна Милан: Болоња од 1-2 до 4-2 на „Сан Сиро“!

Милан водеше на полувремето со двата гола на Алфаджо Сисе, но Болоња постигна три погодоци…