Дома Фудбал Донарума и Навас добија конкуренција од Мадагаскар

Донарума и Навас добија конкуренција од Мадагаскар

18-годишниот голман од Мадагаскар, Матиас Рандриамами се придружи на ѕвездениот тим на Пари Сент Жермен.

Голманот е роден во париското предградие Кламарт и е во школата на ПСЖ од 2016 година, играјќи за младинските формации на „светците“ до 17 и 19 години. Има двојно државјанство, француско и на Мадагаскар.

Минатата сезона, Рандриамами беше повикан неколку пати во групата на првиот тим како трет голман.

Сега потпиша професионален договор до јуни 2024 година и ќе му се придружи на „дрим-тимот“ на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од мундијалски бараж до година без победа: тежок биланс за Македонија

Македонската сениорска селекција ја завршува 2026 година со две ремија и осум порази. Седу…