Дома Топ вести Донарума го напушта Милан и се сели на Островот

Донарума го напушта Милан и се сели на Островот

Иднината на Џанлуиџи Донарума е главна тема на Апенините, бидејќи неговиот договор со Милан истекува на крајот на сезоната.

Милан веќе подолго време е во преговори со неговиот менаџер Мино Раиола и се обидува со сите сили да го задржи Донарума на „Сан Сиро“.

Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека младиот голман веќе постигнал договор со Манчестер Јунајтед и би можел кариерата да ја продолжи на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат Де Геа, кој не е на највисоко ниво оваа сезона, па во Донарума гледаат долгорочно решение на голманската позиција.

Донарума, кој стана најмлад играч во историјата кој стигнал до 200 настапи во Серија А, не сака да замине од Милан без обештетување, па поради тоа бара да има ниска откупна клаузула во договорот.

Раиола бара откупната клаузула да биде помеѓу 30 и 40 милиони евра, бидејќи Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Феноменалниот Јокиќ ги разби Бакси, пораз на Лејкерси од Феникс 🎥

Никола Јокиќ продолжува со одличните настапи во НБА лигата. Српскиот центар дојде до нов т…