Додека синоќа ја предводеше Португалија на натпреварот со Шпанија во Лисабон, крадец влегол во домот на Кристијано Роналдо во Фуншал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Крадецот успеал да влезе во вилата преку гаражата. Грабежот е потврден од португалската полиција, но се уште не е познато што точно му е украдено. Наводно, крадецот си заминал со неколку предмети од помала вредност и потпишан дрес од Јувентус.
Безбедносните камери го снимле целиот настан, лицето и било добро познато на полицијата, па само прашање на време е кога ќе биде уапсен.
Куќата на Роналдо во Фуншал има седум ката и во неа живеат неговата мајка Долорес и постариот брат Хуго. Не е познато дали во моментот на грабежот тие биле во куќата.