Дома Македонски спорт Мак ракомет Договор е постигнат: Кристијан Дисингер нов ракометар на Вардар!

Договор е постигнат: Кристијан Дисингер нов ракометар на Вардар!

Германецот, Кристијан Дисингер (26) како и што се најавуваше е нов член на Вардар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешниот ракометар на Кил се наоѓа во Скопје каде што треба да ги помине лекарските прегледи и да се приклучи на тимот на црвено-црните. Дисингер воедно ќе стане првиот Германец кој ќе го носи дресот на Вардар.

Дисингер неодамна го раскина договорот со Кил со кој го освои германскиот куп, а беше дел и од репрезентација на Германија која стана европски шампион во 2016 година. На летните олимписки игри истата година стигна до бронзениот медал.

Во својата клупска кариера освен на Кил го носеше дресот на Фреинзенхајм, Кадетен, Нептино, Либек, член на Кил беше од 2015 година.

Со Вардар потпиша договор на две години.

За германскиот гигант одигра 130 натпревари и постигна 235 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…