Дома Топ вести Договорот ПОСТИГНАТ: Реал го „блиндира“ и Асенсио, Шпанецот прифати огромна клазула!

Договорот ПОСТИГНАТ: Реал го „блиндира“ и Асенсио, Шпанецот прифати огромна клазула!

На Реал Мадрид можеби не му оди кога во прашање се резултатите во новата сезона, но кога станува збор за продолжувањето на соработката со најважните фудбалери, на „кралевите“ одлично им оди.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Следен во низата после Карим Бензема кој би требало да потпише нов договор е одличниот Марко Асенсио, се очекува Шпанецот да стави потпис на договор до 2023 година.

Асенсио во овој момент има договор според кој би требало да остане во Мадрид до 2020 година, но наводно деталите за новиот се веќе договорени, а тој ќе добие огромна клазула од 500 милиони евра.

Да потсетиме, фудбалерот кој има 21 година претходно во преговорите истакнуваше дека парите не му се приоритет, наводно тој барал од клубот гаранција дека ќе добива поголема минутажа која и навистина ја заслужува.

Наскоро се очекува и официјализирање на оваа соработка, финансиските детали сеуште не се објавени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салах првпат во кариерата проговори за својот однос со Мурињо

Мохамед Салах немаше вистинска шанса во Челси, кој тогаш го водеше Жозе Мурињо. Сепак, Еги…