Дома Трансфер зона Договорот на повидок: Арсенал пред засилување од 30 милиони евра!

Договорот на повидок: Арсенал пред засилување од 30 милиони евра!

0
arsenal

Во медиумите се појави вест дека Арсенал би можел да доведе фудбалер од Серија А и тоа за сума од 30 милиони евра.

Според дел од медиумите на Островот и Италија, Арсенал постигнал договор со управата на Сампдорија за трансфер на талентираниот Лукас Тореира.

Овој млад фудбалер во својот договор има откупна клазула од 25 милиони евра, но таа сума би морала да биде платена веднаш, а не на рати. Поради тоа во Арсенал се обидоа да издејствуваа пролонигарење на плаќањето со што целата сума би била поголема.

Арсенал е подготвен да плати 30 милиони евра, Сампдорија наводно се согласила на таа сума и Емери наскоро би требало да го добие второто засилување после Стефан Лихштајнер.


Следете го Sportski.mk и на


Овој 22 годишен фудбалер претходно се поврузваше со Наполи во претходниот период, но клубот од Италија немаше средства за да го доведе, па Арсенал изгледа ќе ја искористи ситуацијата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса ја одреди цената за Дембеле: Има ли кој да ја плати бараната сума?

Иако во текот на денот се појави вест дека Барселона после погодокот во Суперпкупот против…