Дома Трансфер зона Договорени сите детали: Милан добива големо засилување!

Договорени сите детали: Милан добива големо засилување!

Милан го обезбеди потписот на плејмејкерот на Емполи и алжирски репрезентативец Исмаел Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


21-годишниот плејмејкер имаше одлична сезона во Серија А, а со добрите настапи продолжи и на Африканскиот куп на нации, па го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа.

Бенасер потекнува од школата на Арсенал, но не доби шанса во првиот тим на „топџиите“, па последните две години ги помина во Емполи.

Милан од поодамна постигна договор со Емполи и за потписот на Бенасер ќе плати 16 милиони евра, а последните информации говорат дека „росонерите“ постигнале и комплетен договор со играчот.

Бенасер ќе потпише 5-годишен договор со Милан според кој ќе заработува 1,6 милиони евра по сезона, а се очекува викендов после финалето на Африканскиот куп на нации да пристигне на прегледи во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…