Дома Фудбал Добри вести за Гвардиола пред дербито со Челзи

Добри вести за Гвардиола пред дербито со Челзи

Првиот голман на Манчестер Сити, Едерсон кој го пропушти мечот со Ливерпул поради повреда, ги обнови тренинзите со „граѓаните“.

Тоа значи дека најверојатно Бразилецот ќе му биде на располагање на Гвардиола за дуелот со Челзи во сабота.

На мечот со Ливерпул голот на Сити го чуваше Клаудио Браво кој беше обвинет за два гола на „црвените“, па јасно е дека враќањето на Едерсон е одлична вест за Гвардиола.

Давид Силва и Родри кои исто така имаа здравствени проблеми ќе бидат на располагање за дуелот со Челзи. Лерој Сане, Лапорт и Зинчеко пак им претстои долга пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го задржа својот голгетер: Кејн потпиша до 2029 година!

Освојувачот на „Златната топка“ ја продолжи верноста кон Баерн, за кој постигна 156 гола н…