Тренерот на Рома, Еусебио Ди Франческо најавува пласман на Рома во финалето на ЛШ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
‘Отпишаните’ играчи на Рома синоќа одиграа неверојатен натпревар, ја победија Барселона со 3:0 на Олимпико и се пласираа во полуфиналето, што за многу членови на римскиот клуб ова ќе биде прво такво возбудување.
„Нормално е дека сега трена да веруваме во финале. Зошто да не? Дојдовме толку далеку и никој од нас не очекуваше дека тоа ќе го направиме. Овој пат сакаме да го продолжиме.“ – изјави Ди Фраческо и додаде:
„Не сакам да тренирам екипа која нема амбиција. Мора повеќе да се стремиме и да сфатиме дека тоа ние го можеме, дека секогаш има простор за напредок и дека сме способни да бидеме најдобри.“
Ди Франческо со формацијата 3-4-1-2 ги шокираше сите, но на крајот се исплатеше и најголемите заслуги се препишуваат на него.
„Често ме критикувате за поразите, но еве сега имате прилика малку и да ме пофалите.“