Дома Топ вести Ди Марцио открива: Наполи тргнува по Елмас

Ди Марцио открива: Наполи тргнува по Елмас

0

Еден од најпознатите италијански новинари, и секогаш добро информираниот Џанлука Ди Марцио ја пренесува дека Наполи е силно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Македонскиот „дијамант“ одигра уште една одлична сезона во дресот на Фенербахче и се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.

За него интерес покажаа многу големи европски клубови, но последните инормации говорат дека најконкретен е интересот на Наполи.

Анчелоти е голем симпатизер на играта на Елмас и смета дека ќе биде идеална замена за Хамшик, кој во јануари го напушти Наполи.

Новинарот на „Скај Италија“,Џанлука Ди Марцио пренесува дека Наполи почнал да работи на трансферот и е спремен во наредните денови да испрати конкрентна понуда до Фенербахче.

Раководството на Наполи сака што е можно побрзо да го договори трансферот со цел да ја победи големата конкуренција, пред се на Лацио и Зенит кои покажуваат најголем интерес во моментов.

Ова значи дека од следната сезона би можеле да гледаме уште еден Македонец во Серија А и тоа во клуб кој се бори за највисоки цели.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Погледнете го најлудиот поен во историјата на тенисот! (видео)

Француските тенисери Жо Вилфрид Цонга и Беноа Пер на турнирот во Хале покажаа дека не се с…