Дома Трансфер зона Ди Марија се враќа во Премиер лигата

Ди Марија се враќа во Премиер лигата

Анхел ди Марија влезе во последната година од договорот со ПСЖ и на лето би можел да си замине како слободен агент.

Англиските медиуми тврдат дека нема најава за продолжување на соработката со „светците“ и дека големи се шансите од следната сезона да се врати во Премиер лигата.

Сериозен интерес за Ди Марија покажува Тотенхем, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Мурињо одлично ги познава неговите квалитети и сака да го донесе во неговиот тим, но сепак се ќе зависи од новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино.

Ди Марија веќе има 32 години, но има понуди од многу клубови ширум Европа, особено од Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алаба не е задоволен од понудата на Реал, преговара со други клубови

Играчот на Баерн Минхен, Давид Алаба се уште не одлучил во кој клуб ќе ја продолжи кариера…