Аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија планира да се повлече од селекцијата по настапот на Копа Америка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„На Копа Америка последен пат кога ќе го носам дресот на Аргентина. Со сета болка во душата и со грутка во грлото се збогувам со најубавото нешто што ми се случи во кариерата. Им благодарам на навивачите, на семејството, на пријателите и соиграчите. Продолжуваме да пишуваме историја. Напред, Аргентина!“, изјави Ди Марија.
До сега Ди Марија одигра 134 натпревари за Аргентина, а ја освои Копа Америка во 2021 година и Мундијалот во 2022 година.