Дома Фудбал Останато Ди Марија и денес ги провоцира навивачите на Барселона 📸

Ди Марија и денес ги провоцира навивачите на Барселона 📸

Aнхел Ди Марија вчера беше една од главните теми на прес-конференцијата на Роналд Куман после мечот помеѓу Гранада и Барселона.

Ди Марија после вчерашниот натпревар на ПСЖ зборуваше за тоа како би сакал да Меси да дојде во Париз и отворено го повика на крајот од сезоната да ја напушти Барселона и да му се придружи во ПСЖ.

Тоа еден од новинарите му го кажа на Куман кој жестоко реагираше и порача дека тоа се ниски потези на Ди Марија и останатите кои зборуваат за Меси иако не е нивни играч.

Барселона и ПСЖ ќе играат во осминафиналето, а Ди Марија и денес одлучи да ги провоцира навивачите на Барселона. Аргентинецот остави коментар на Твитер и одново порача дека верува во трансфер на Меси во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aсенсио и закажа на Шпанија меч за златото со Бразил! 🎥

Репрезентацијата на Шпанија псоле продолженија ја победи Јапонија (0:1) и ќе игра во финал…