Дома Фудбал Ди Марија го реши португалското Класико

Ди Марија го реши португалското Класико

Бенфика на свој терен го победи Порто со 1:0 во едно од најголемите дербија во Европа.

Стрелец на единствениот гол беше легендарниот Аргентинец Анхел Ди Марија.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 68. минута кога Давид Нерес ја уфрли топката во шеснаесетникот, Ди Марија беше на вистинското место и се чини дека со малку среќа ја испрати топката во мрежата за конечни 1:0.

Порто играше со играч помалку од 70 минута, кога Фабио Кардосо доби директен црвен картон поради опасен старт.

Бенфика е лидер со 18 бода, два помалку имаат Порто и Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар платил казна на УЕФА од 250.000 евра

Од редовите на Вардар соопштија дека ја подмириле казната од 250.000 евра изречена од УЕФА…