Дома Фудбал Италија Директорот на Јувентус под истрага за „случајот Суарез“

Директорот на Јувентус под истрага за „случајот Суарез“

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи официјално е под истрага од Јавното обвинителство на Италија за случајот „Суарез“.

Уругваецот имаше договор со Јувентус и требаше да полага тест за добивање на италијански пасош во Перуџа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Подоцна се дозна дека предвреме му биле дадени прашањата и одговорите за тестот за познавање на италијански јазик со цел Суарез „нелегално“ за добие италијански пасош.

Обвинителството денес соопшти дека истрагата покажала дека Јувентус, на највиско институционално ниво се обидел да го забрза процесот со кој Луис Суарез требал да добие италијански пасош.

Директорот Паратичи е обвинет за вмешаност во „криминални активности“, претходно судот во Италија го суспендираше ректорот на Универзитетот во Перуџа, сега спортскиот директор ќе мора да се брани на суд.

Доколку се докаже вмешаност на Паратичи во скандалот, на Јувентус ќе му биде изречена казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…