Дома Фудбал Англија Директорот на Лајпциг ги шокира навивачите на Челзи

Директорот на Лајпциг ги шокира навивачите на Челзи

Вчера се појави информација дека Челзи го договорил трансферот на Тимо Вернер и дека ќе ја плати откупната клаузула.

Медиумите тврдат дека Вернер веќе се договорил со Челзи, кој пак е спремен да ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра.

Меѓутоа, директорот на Лајпциг Оливер Минцлаф тврди дека тие се уште немале остварено контакт со Челзи.

„Се уште не сме имале никаков контакт со Челзи. Никој не ја активира откупната клаузула за Вернер, а притоа нема стигнато ни официјална понуда за него“, истакна директорот на Лајпциг.

Откупната клаузула во договорот на Вернер истекува на 15-ти јуни, па Челзи треба да побрза да го реализира трансферот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан не му дал четири гола на Јувентус 31 година

Милан синоќа потсети на најдобрите свои денови и оствари сензационална победа над Јувентус…