За македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас владее голем интерес и од ден во ден се појавуваат нови информации кои го поврзуваат Елмас со заминување од Фенербахче.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Многу европски гиганти се заинтересирани за Елмас, а последните информации од Турција говорат дека Атлетико Мадрид е најрешителен да го донесе Македонецот во своите редови.
Во еден момент се најавуваше дека неговиот трансфер во Атлетико Мадрид е завршена работа, но потоа во трката за Елмас се вклучија и други европски гиганти.
Попладнево од Турција одново пристигнува информација за преселба на Елиф Елмас во Мадрид. Според ТРТ Спор, директори на Атлетико пристигнале во Истанбул да го обезбедат потписот на македонскиот „дијамант“.
Финансиските детали не се познати, но се претпоставува дека Атлетико Мадрид за потписот на Елмас ќе плати околу 15 милиони евра.
