Трансфер пазарот сеуште не е официјално отворен, а раководството на Милан веќе активно работи во реконструкција на тимот за следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес на прегледи во Милано пристигна првото засилување на „росонерите“, Матео Мусакио, а медиумите тврдат дека се веќе договорени и трансферите на Франк Кеси од Рома и Рикардо Родригез од Волфсбург.
„Скај Италија“ пренесува дека директорите на Милан, Марко Фасоне и Масимилиано Мирабели денес отпатувале во Рим за започнат преговори за двајца фудбалери на Лацио.
Станува збор за крилниот напаѓач Кеита Балде за кого силен интерес покажува и Јувентус, и играчот за врска Лукас Биглиа.
Двајцата фудбалери имаа одлична сезона и најверојатно ќе го напуштат Лацио ова лето, а нивната цена се движи помеѓу 20 и 25 милиони евра.
Доколку Милан успее да ги договори овие два трансфери нема сомнеж дека тоа ќе бидат огромни засилувања за тимот на Монтела.