Дома Топ вести Димитри Паје најави трансфер во јануари!

Димитри Паје најави трансфер во јануари!


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Вест Хем не игра добро оваа сезона, а се чини дека екипата на Славен Билиќ ќе биде во уште поголеми проблеми во јануари.

Имено, првата ѕвезда на тимот, Димитри Паје најави дека би можел да го промени клубот и тоа во зимскиот преоден рок.

Паје брилјираше на Европското првенство и многу европски гиганти покажаа интерес за неговиот потпис, но Французинот сепак остана во Вест Хем.

Меѓутоа, Паје не е задоволен во клубот и тоа се одразува на неговоте настапи оваа сезона, каде на 11 натпревари постигна само два гола и запиша пет асистенции.

„Ужасно влеговме во сезоната и не ја отфрлам можноста за заминување во зимскиот преоден рок. До сега ги бирав клубовите на основа на нивните спортски амбиции и цели. Се додека можам да играм на ова ниво ќе ги барам најдобрите клубови. Доколку ПСЖ ме сака треба само да ме контактира“, изјави Паје.

ПСЖ покажува најголем интерес за Паје, но во трката сигурно ќе се приклучат уште неколку европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Голема измама во македонската трета лига: Фудбалер играл со лажна легитимација, се открило кога се пожалил во болница

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ На социјалн…