Хувентуд и Ненад Димитријевиќ го одработија последниот тест пред новата сезона во АЦБ лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во овој натпревар Хувентуд забележа пораз од Манреса со 89:93. На оваа последна проверка Димитријевиќ и соиграчите констатно беа во резултатска негатива. На само неполни пет минути пред крајот стигнаа до изедначување меѓутоа не успеаа да направат комплетен пресврт.
Димитријевиќ на паркетот помина 18 минути со учинок од: 0/3, 4/7 за два и 1/1 за еден поен, подели и три асистенции. Сезоната Хувентус ја започнува на 19. септември кога ќе биде домаќин на Уникаха.