Дома Фудбал Диего Коста мора на операција, го очекува подолга пауза

Диего Коста мора на операција, го очекува подолга пауза

costa

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста нема среќа. Ќе мора на операција, а опоравувањето ќе трае неколку месеци.

Искусниот напаѓач не можеше да тренира некое време заради болките што го чувствувал во пределот на вратот, а по извршените прегледи стана јасно дека Атлетико ќе биде без напаѓачот подолг период.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поточно, беше потврдено дека повредата на вратот на Коста е доволно сериозна што Бразилецот со шпански пасош мораше да биде подложен на операција.

Диего Коста не е во најдобра голгетерска форма откако се врати во Атлетико, но сеедно оваа сезона започна на осум натпревари во Ла Лига.

Се уште не се знае точно колку време ќе трае опоравувањето на Коста по операцијата, но најоптимистичките прогнози од Шпанија велат дека тој би можел да се врати во февруари.

Меѓутоа, не е исклучено опоравувањето да трае подолго, а во најлоша ситуација Коста би можел да се врати на теренот дури во април, во финишот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дебакл за Англичаните во Европа: Во полуфиналињата останаа само со еден тим и тоа во Конференциската лига!

Mногумина ќе кажат дека Премиер лигата е најдобрата лига во светот, меѓутоа сезонава во ев…